Снаата исплашена за сопствениот живот ја пријавила откако во 1 часот по полноќ и заѕвонил телефонот а од другата страна свекрвата ја напднала со пцовки и закани.
-Господ ќе те казни! Како не ти е срам? Ќе гориш заедно со своите деца и мајка ти, и порачала свекрвата.
Во тоа време брачната двојка се развела, а синот на 71-годишната жена го напуштил брачниот дом. Очигледно обвинувајчи ја снаата и нејзиното семејство за тоа свекрвата не можела да се воздржи.
Бесот не попуштал ни по неколку дена.
Така на 3 јуни околу 16.45 часот повторно и се јавила на снаата и и порачала: ќе гориш во пеколот заедно со твоите деца и мајка ти. ќе одам во затвор, ама тебе ќе се удавам во чаша вода.
Ова ја исплашило снаата која случајот го пријавила во полиција. Покрената е судска постапка и свекрвата доби 4 месеци затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


