Благодарение на неговиот татко кој е една од најголемите ѕвезди во Холивуд со богатство кое изнесува повеќе од 400 милиони долари, Конор води доста привилегиран живот во седиштето на саентолоша црква. Од спортски автомобили и глисери до луд ноќен живот, јасно е дека Конор живее како вистински принц.

Том Круз му купил брод за риболов вреден половина милион долари, а тука е и луксузниот Мустанг ГТ автомобил вреден 50 000 долари паркиран во гаража до другите егзотични автомобили.

Том Круз и Никол Кидман го посвоија Конор додека беше бебе заедно со неговата сестра Изабела. Конор живее во трособен стан во рамките на сајентолошка заедница кон која чувствува интензивна посветеност.

Покрај тоа што ја поддржува Саентологијата, нејзините челници се надеваат дека ќе успеат да го направат подеднакво важен член на оваа религија токму каков што е и неговиот татко. Токму поради тоа Конор има посебни привилегии. Чуварите на него гледаат како на божество, токму како што го гледаат и неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


