| четврток, 6 декември 2018 |

Домот на Крис Браун под опсада: Пејачот пиштол и се заканувал на Карен Бејли

Полицијата во Лос Анџелес ја опколила куќата на познатиот американски пејач Крис Браун, откако една жена упатила повик за помош, а тој по неколкучасовна опсада им се предал на полицајците, објави телеграф

Овој пат органите на редот го гонеле раперот поради закана со огнено оружје. Откако неколку часа бил заклучен во својот дом, пејачот ѝ се предал на полицијата што го барала поради инцидентот во кој тој ѝ вперил пиштол на Карен Бејли. Имено девојката која е Мис Калифорнија за 2016 година во полиција пријавила дека раперот ѝ се заканувал со пиштол, пренесува каналот ТМЗ.

opsada

На прес-конференцијата, властите соопштиле дека Браун соработувал со полицијата и дека во моментов се работи на овој случај. Браун претходно бил пријавен во полиција во 2009. година поради малтретирање на познатата пејачка Ријана, а во тој случај беше прогласен за виновен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top