- Во основните и средни училишта во земјава се врши дистрибуција на учебниците, за кои беше пријавено дека се оштетени. Завршена е и реконструкцијата на 60 училишта во земјава, за почетокот на новата учебна 2016\2017 година се е подготвено и учениците и наставниците со настава почнуваат на први септември, истакна заменик министерот за образование Спиро Ристовски кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на ново спортско игралиште кое е дел од спортската сала „Јордан Мијалков“ Штип.
– Во наредните неколку денови се очекува сите училишта да бидат снабдени со нови препечатени учебници, а истовремено учебниците од седмо до девето одделение ќе бидат дистрибуирани и новите учебници по математика и природни науки за наставата која е по Кембриџ програмата, а која ја работевме со Меѓународниот центар за наставни програми на универзитетот Кембриџ. Со ова ја заокружуваме оваа реформа на целокупно реформирање на математика и природни науки во основно образование, рече Ристовски.
Тој истакна дека во земјава на први септември учебната година ќе ја почнат 270.000 ученици во основните и средни училишта во земјава.
– Речиси 190.000 ученици се основци, 80.000 се средношколци, а првоодделенчиња досега имаме запишано 21.250. Но, овој број не е конечен, бидејќи секој ден пристигнуваат финалните податоци од основните училишта. Јас се надевам дека ќе дојдеме на бројот некаде од минатата учебна година, со бројот на првоодделенци, рече Ристовски.
Според него, во најголем дел училиштата во поплавените подрачја во скопскиот регион се подготвени за новата учебна година.
– Во најголем дел се е завршено со санација и подготовка на училиштата за нивно расчистување и дезинфекција. Учениците веќе се информирани, родителите беа на разговор во соодветните матични училишта. Така да и очекувам во поплавените региони нормално со извесна мала динамика и толеранција во однос на актуелната ситуација која што им се случи на тие семејства во наредните денови очекувам и таму на еден начин да се нормализираат сите активности и тие училишта ги прифатат учениците и целосно и нормално да се одвива наставно образовниот процес во овие училишта, заврши Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Екатимерини: Постигнат е напредок за ревизија на македонските учебниците по историја
-
Бугарија доставила над 30 страници со забелешки за учебниците по историја
-
Цеца влезе во учебниците за основно: Горат социјалните мрежи…
-
Историја по мерка на СДСМ-по Бугарија и Грција ќе ги менува учебниците со „амин“ од Владата