Десет машини за сушење ѕидови и влажни простории во општина Гази Баба ќе донира денеска Клубот на пријатели на Македонија од Чешка. Машините се помош за активностите за санирање на последиците од поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба.
Донацијата ќе ја предаде претседателот на чешкиот Клуб, Јири Бартон на градоначалникот Тони Трајковски. На предавањето на донацијата во паркот Ченто е најавено присуство и на претставникот на Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија Јозеф Брож и директорот на Средното угостителскотуристичко училиште „Лазар Танев“, Зоран Николовски, кој има соработка со Клубот на пријатели на Македонија од Република Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет