Луѓето што живеат на местата кои се едно од друго оддалечени повеќе од 3.000 километри имаат идентични сегменти на ДНК, а кои можат да се следат дури до средниот век. Врз основа на примероците на ДНК на луѓето од различни делови на стариот континент, утрдено е дека повеќето Европјани имаат исти предци, кои живееле пред 1000 години.
Овој резултат потврдил неколку децении стари математички модели, но изненадување е за оние Европејци што мислат дека старите народи ги сочинуваат одредени етнички групи, како што се Германите, Ирците, Македонците или други народи.
– Необично е колку се сите близу поврзани – рекол еден од авторите на студиите, Греем Куп од Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија.
Куп и коавторот Питер Ралф од Универзитетот „Јужна Калифорнија“ имале база на податоци од повеќе од 2.250 генетски примероци и барале заеднички сегменти на ДНК кои укажуваат на постоење далечни роднини во различни делови во Европа. луѓето кои живеат на места кои се едно од друго оддалечени повеќе од 3000 километри имаат идентични сегменти на ДНК, а кои може да се следат речиси до средниот век.
Генетскиот материјал се пренесувал од земјите кои се оддалечени, како, на пример, денес Турција и Британија, или Полска од Португалија, дури и после сеопштата преселба поради инвазијата на Викинзите, или Саксонците на Британија, како и преселбите на Словените и Хуните на запад.
Научниците утврдиле дека постоеле благи регионални варијации, како и дека Италијанците и Шпанците, од засега непознати причини, се помалку поврзани отколку повеќето Европјани во другите делови на континентот.
Авторите на студијата, Куп и Ралф, веруваат дека ваквите резултати на истражувањето може да влијаат врз мислењето кое Европејците го имаат за своите соседи на континентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.