Крајниот рок за пријавување на настанатите штети од поплавите кои се случија на 6 август годинава е петок (2 септември), информираат од Владата на Република Македонија.
– Краен рок за пријавување на настанатите штети (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е петок (2 септември 2016 година) заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот, се наведува во соопштението од Владата.
Како што се појаснува, сите лица од горенаведените населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во петок, 2 септември 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.