Наташа Николчевиќ, 28 годишна, која минатиот петок во Штрбац до смрт ја претепала тетка си и смирено го признала злосторството, не ги прескокнувала деталите.
-Наташа раскажуваше без било какво чувство на вина. Го опиша секој детал, кој што за полицајците бил неразбирлив. Таа вели дека тетката ја нападнала со даска па со нож. Прво ја тепала, потоа ја прободела 40 пати, а потоа ја искасапила. Се тоа бидејќи одбивала да и го препише имотот заради кој се тужеле- посочува извор од истрагата за медиумите.
Таа во Штрбац доаѓала само кога има судско рочиште и се сместувала во хотел, никогаш кај тетка и или кај роднините. Таа во Белград живеела со мајка и.
Наташа при апсењето имала лична карта која била истечена во 2008 година.
-Полицијата не знае како минала граница без важечки документи. Роднините на убиената велат дека никој не бил во добри односи со Наташа и мајка и- се пренесува извор од истрагата.
По 48 часовниот притвор во Качаник, Наташа е пренесена во Урошевац каде и е одреден притвор од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Кога ќе го слушнам зборот мажење, се вртам да видам кој ме бара: Беквалац скокна како попарена!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија