| четврток, 6 декември 2018 |

Грција затвора четири од осум национални телевизии

Грчката влада ја започна во вторникот аукцијата за четирите национални телевизии, и покрај протестите на телевизиските куќи кои тврдат дека со тоа се сака да се воведе контрола над медиумите, бидејќи тоа значи гаснење на четирите национални канали.

Владата истакнува дека на тој начин ќе воведе ред во тој сектор кој е многу задолжен и дискредитиран поради поврзаноста со поранешните политички елити во Грција.

Телевизиските куќи, коишто процесот се обидуваат да го запрат по судски пат, тврдат дека владата има намера да ги замолчи, што пак власта го негира.

Грција има осум телевизиски канали коишто ја покриваат територијата на целата земја, што значи дека четири ќе мора да престанат со работа по доделувањето на лиценците.

Почетната цената за лиценцата изнесува три милиона евра. Процесот би можел да потрае два дена. Оние коишто нема да добијат лиценца, ќе имаат 90 дена да престанат со работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top