Дваесет и четири годишниот скопјанец Дарко К. е момчето кое вчера го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на потегот помеѓу Средно Водно и училиштето Кочо Рацин. Сообраќајката се случила во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно.
Дарко учествувал со мотоцикл марка „Сузуки 750“ со скопски регистарски таблици. Роден е 1994 година и во синоќешната сообраќајка со моторциклот удрил во метални еластични браници при што го загубил животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.