| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден мотоциклист откако удрил во „голф“

Ж.З.(26) од Куманово, кој управувал мотор „јамаха“ без регистарски таблички, е тешкоповреден во тешка сообраќајна несреќа што во петокот во 19 часот се случила на булеварот „Октомриска револуција“ во Куманово.

Според информации од полицијата, до несреќата дошло кога возилото „голф“, со кое управувала В.А.(38) од Куманово, додека се движело по булеварот, од периферијата кон центарот на градот по десната коловозна лента, во моментот кога сакало да се исклучи од улицата кон паркингот пред „Мај маркет“, во десниот браник удрил моторот со предното тркало. Потоа Ж.З. загубил рамнотежа и со моторот удрил во контејнер. Моторџијата не носел кацига на главата, при што се здобил со сериозни повреди и веднаш е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата извршила увид на самото место и работи на откривање на причините за сообраќајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top