Голден стејт има вистински прекар „Воини“, а играат многу храбро и прес се квалитетоно во плејофот од НБА. Ноќеска на гости го победија фаворитот Сан Антонио со 100-91 и израмнија на 1-1 во полуфиналната серија од западната конференција. Тимот од Сан Франциско игра без Дејвид Ли, кој е многу значаен за нив, но си газата сигурно. Најпрво, го елиминираа подоброрангираниот Денвер, а сега му покажаа „заби“ и на Сан Антонио.
Клеј Томпсон беше извонреден со 8 постигнати тројки од 9 обиди, за вкупно 34 поени и 14 скока. За бек тоа е Ол-стар учинок, а квалитетен настап имаше и Стеф Кари со 22 поени. Вориорс ја имаа в раце и победата на првиот дуел, но Ману Џинобили им даде тројка во последните моменти за стартен пораз на Голден стејт. Сега е нерешено, па серијата се сели во Сан Франциско. Тим Данкан со 23 поени и Тони Паркер со 20, беа најефикасни кај домаќинот. Сан Антонио до овој меч немаше пораз од Голден стејт во својата сала од 1997 година.
Шампионот Мајами се разлути и го декласира Чикаго со 115-78. Разликата во поени е огромна, а беше и уште повисока во текот на мечот, дури 46 поени. Натпреварот имаше бурен тек и покрај огромната предност на Мајами, а судиите доделија дури 9 технички и исклучија двајца кошаркари. На предвремено „ладење“ мораа да замината Жоаким Ноа и Таџ Гибсон од Чикаго., а гостите заработиј и 6 технички грешки, најмногу во плејоф меч во последните 8 сезони. Мајами направи вистински подвиг со неверојатни 62-20 во поени во последните 26 минути игра. Реј Ален беше најефикасен со 21 поен, а Леброн Џејмс постигна 19. Гостите немаа кошаркар што ќе им се спротивстави на „жешките“ момци од Мајами, а Белинели ги предводеше со 13 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.