| четврток, 6 декември 2018 |

Знакот за помош на песокот спасил брачна двојка од пуст остров

SOS

Американсканска брачна двојка – авантуристи се спасени од еден ненаселен пацифички остров, откако екипажот на еден хеликоптер на американската морнарица го забележала големиот знак СОС на песокот на брегот.

Седум дена немало никаква трага за тоа каде се наоѓаат Сабина и Лајнус Џек. Нивното исчезнување било пријавено откако оваа американска брачна двојка, двајцата на возраст од педесетина години, го напуштила микронезискиот остров Вено, со ограничени залихи и без опрема за алармантни ситуации, наведува во соопштението американската морнарица.

Пилотот на хеликоптерот го забелал знакот на островот Ист Фај и ја информирал крајбрежната стража. Очигледно, од некоја причина, не успеале да се вратат со чамец до соседниот Вено. По нив трагале 15 чамци и два авиони, а биле пребарани околу 43 илјади квадратни километри.

Хеликоптерот бил пратен за го прелета островот Ист Фај, бидејќи од едно од спасувачките пловила било пријавено дека е видена светлина на овој ненаселен остров. Американската амбасада во Колонија, престолнината на Мирконезија, соопштила дека потрагата е успешно завршена и дека Сабина и Лајнус Џек чекаат брод кој е испратен да ги собере.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top