| четврток, 6 декември 2018 |

Сигнал од вселената ги возбуди научниците: Ова може да биде знак од напредна цивилизација

Radio teleskop

Радио телескоп во Русија открил силен сигнал од вселената кој дошол од насока на ѕвездата HD 164595, оддалечена 95 светлосни години од Земјата, пишува AFP. Иако телескопот РАТАН 600 сигналот го забележал уште минатата година, дури сега е обелоденето дека тоа веднаш ги заинтригирало научниците.

– Никој не тврди дека се работи за вонземјанска цивилизација, но секако вреди да се истражи, изјавил Пол Глистер, автор на порталот Сентаури Дримс кој ги поркива истражувањата во длабоката вселена.

Ѕвездата од каде дошол сигналот има најмалку една планета, но стручњаците тврдат дека е прерано да се шпекулира за значењето на сигналот и од каде тој доаѓа. Сепак, сметаат дека е доволно “провокативен” за научниците кои работат на РАТАН 600 константно да го набљудуваат местото од каде дошол.

– Ако се работи за изотропен светлосен сноп, за такво нешто е способна само цивилизација од типот Кардашев 2, изјавил Глистер.

– Доколку пак се работи за тесен сигнал фокусиран на нашиот соларен систем, тогаш станува збор за технологија која е достапнана цивилизација од типот Кардашев 1, блиска на нашите можности, додал тој.

AFP исто така наведува дека се очекува овој сигнал, забележан на фрекфенција од 11 гигахерци, да биде тема на следниот симпозиум на угледни астрономи кој ќе се одржи во Гвадалахара, Мексико.

Сепак, некои научници велат дека не треба прерано да му се радуваме на сигналот, со оглен на тоа што постои можност да се работи за некој облик на комуникација помеѓу одредени сателити во земјината орбита и станица на површината.

– Секако, би прател за што се арботи, но не би ја преувеличувал целата приказна затоа што потенцијално може и да станува збор за нешто што е од воено потекло, вели Ник Сунтзев, астроном од универзитетот Тексас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top