Русија синоќа лансираше три воени сателити со ракета-носач со среден дострел „рокот“ од космодромот „Плесецк“ во северната архангелска област, јави ТАСС.
Трите вселенски летала добија имиња од серијата „Космос“, со редни броеви 2.507, 2.508 и 2.509.
По изведувањето на предвидените ниски орбити над Земјата руските воено-вселенски сили воспоставиле и одржале стабилна телеметричка врска, а нивните системи функционираат нормално.
Претходното лансирање на истата ракета го привлече вниманието на светските медиуми минатата година поради тврдењата дека освен сателити „родник“, кои се наоѓаат на неа, таа во орбитата ланирала и маневрирачки вселенски апарат.
Кон крајот на годината тогашниот директор на „Роскосмос“, Олег Остапенко изјави дека двата маневрирачки апарати „космос-2499“ и „космос-2491“ не се сателити-убијци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.