| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро средба Обама-Ердоган

Obama-and-Erdogan

Американскиот претседател Барак Обама во недела ќе има средба со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, соопшти советникот на Обама, Бен Роудс. Средбата ќе се одржи во Кина, а тема на разговор ќе биде ситуацијата во Сирија.

За време на средбата која треба да се случи во Хангџу на маргините на самитот на групата Г20 развиени земји и земјите во брз развој, двајцата лидери ќе разговараат за кампањата против ИД и потребата да останат обединети.

Офанзивата на турските сили во Сирија против ИД која исто така има цел да го сопре напредувањето на сириските Курди кон турската граница ја доведува САД во средина меѓу Турција која им е сојузник и Курдите кои им се партнери во борбата против екстремистите. Пентагон оцени дека судирите меѓу Турција и арапско-курдските сили кои ги поддржуваат САД во Сирија се неприфатливи и ги повика сите страни да ги прекинат борбите.
Анкара пак смета дека курдските сили се „терористички организации“ и покрај тоа што Вашингтон ги поддржува.
Ова ќе биде прва средба на Обама и Ердоган по неуспешниот пуч на 15 јули во Турција. Пучот предизвика тензии меѓу двете земји по што Анкара побара испорачување на турскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а кого Турција го обвинува дека е организатор на пучот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top