– Русија се повеќе извршува ненајавени воени вежби и тоа дополнително ги заострува односите со НАТО, изјави денеска заменикот генерален секретар на Алијансата Александер Вершбоу.
За време на посетата на Букурешт, Вершбоу рече дека имало десетина такви вежби во изминатите две години наведувајќи дека тие се дозволени поради „дупки“ во безбедносниот договор потпишан со западни држави.
Вершбоу напомена дека членките на НАТО не одржале ненајавени воени вежби уште од крајот на Студената војна. Според него, НАТО сака да развие начини за стабилизација на исклучително незадоволителните односи со Русијa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.