Напаѓачот на Валнсија, шпанецот Пако Алкасер ги помина лекарските прегледи во Барселона, но неговата официјална промоција на како нов играч на „Камп Ноу“ е одложена за утре.
Причина за одлоговлекувањето на трансферот на напаѓачот се проблемите со Мунир, кој треба да замине во спротивна насока како позајмен играч во Валнсија. Мунир се уште ги нема договорено деталите со Валенсија, која не сака да го продаде Алкасер се додека не обезбеди негова замена.
Барселона ќе плати 30 милиони евра за Алкасер, плус 5 милиони во разни бонуси. Тој треба да биде четврт напаѓач во тимот на Луис Енрике по Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.