| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот “Македонија вработува 2” презентиран во Делчево

makedonija vrabotuva 2

Проектот „Македонија вработува 2“ попладнево беше претставен пред граѓаните на Делчево. Вработените од Агенцијата за вработување во Делчево ги запознаваа делчевци со поволностите што ги нуди овој проект, со цел да се анимираат и работодавачите и невработените лица да ги разгледаат поволностите и да се најдат во условите предвидени со новиот проект.

Раководителката на Агенцијата за вработување во Делчево, Христина Смилевска, истакна дека овој проект се покажа како еден од најуспешните проекти во процесот на отворање нови работни места чии поволности биле исористени од 10.140 компании во Македонија. ­

– Новиот проект „Македонија вработува 2“, дополнително ќе придонесе за намалување на невработеноста, развојот на домашните компании, на почеток на нови бизниси, како и економски прогрес на државата. Во проектот се опфатени 5 групи невработени, а за сите овие категории невработени лица со новиот пакет мерки се предвидува ослободување од плаќање придонеси. Во првата група се опфатени невработени на возраст до 35 години, потоа невработени на возраст од 35­40 години, третата група опфаќа невработени лица над 50 години, четвртата се однесува на највозрасните работоспособни невработени лица над 58 години, а петтата група се однесува на невработени лица кои се родители на три или повеќе деца, рече Смилевска.

Таа потенцираше дека во Делчево и Македонска Каменица по првиот проект Македонија вработува 79 работодавачи ги искористиле поволностите за вработување, а вработени се 488 лице, додека од стартот на новиот проект Македонија вработува 2 до денеска се вработени 17 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top