До утре ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.
Од таму велат дека вo среда попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кога ќе има и услови за локално појава на невреме со град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.