| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија се исплати да си пејач или спортист

Во зем­ја­ва до­бро се за­ра­бо­ту­ва и во филм­ска­та деј­ност, од­нос­но про­дук­ци­ја на ви­де­о­про­гра­ма и на те­ле­ви­зи­ска про­гра­ма, но и сни­ма­ње ви­де­ос­по­то­ви. При­ма­ња­та за овие деј­но­сти за че­ти­ри го­ди­ни се зго­ле­ми­ле за 76 про­цен­ти. И пла­ти­те во мар­ке­тин­шки­от се­ктор по­рас­на­ле за 19 про­цен­ти

Пос­лед­ни­те го­ди­ни во Ма­ке­до­ни­ја најм­но­гу се исп­ла­ти да си пе­јач или спор­тист. Во при­лог на тоа оди ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка во пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни пла­ти­те на тие што се за­ни­ма­ва­ат со спорт­ски, за­бав­ни и ре­кре­а­тив­ни деј­но­сти по­рас­на­ле за фан­та­стич­ни 165 про­цен­ти. Ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка по­ви­со­ки при­ма­ња за 19 про­цен­ти има цел се­ктор во кој се вклу­че­ни умет­ни­ци­те, естра­да­та, спор­ти­сти­те, но и вра­бо­те­ни­те во му­зеи, биб­ли­о­те­ки и во ар­хи­ви. Во зем­ја­ва до­бро се за­ра­бо­ту­ва и во филм­ска­та деј­ност, од­нос­но про­дук­ци­ја на ви­де­о­про­гра­ми и на те­ле­ви­зи­ска про­гра­ма, но и сни­ма­ње ви­де­ос­по­то­ви. При­ма­ња­та за овие деј­но­сти за че­ти­ри го­ди­ни се зго­ле­ми­ле за 76 про­цен­ти. И пла­ти­те во мар­ке­тин­шки­от се­ктор по­рас­на­ле за 19 про­цен­ти. Ру­да­ри­те, спо­ре­де­но со 2012 го­ди­на, има­ат за 16 про­цен­ти по­ви­со­ки пла­ти. Вра­бо­те­ни­те во пре­ра­бо­ту­вач­ка­та ин­ду­стри­ја пред че­ти­ри го­ди­ни, во про­сек, зе­ма­ле 15.500 де­на­ри ме­сеч­но, а се­га око­лу ил­ја­да де­на­ри по­ве­ќе. За­ко­нот за ми­ни­мал­на пла­та при­до­нел и за по­раст на при­ма­ња­та на ед­ни од најс­ла­боп­ла­те­ни­те – тек­стил­ци­те. По­ра­стот на нив­ни­те при­ма­ња се брои во 4.000 де­на­ри раз­ли­ка во пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни. Во де­лот на про­из­водс­тво на хра­на и на пи­ја­ла­ци, вра­бо­те­ни­те се­га има­ат за 2 ил­ја­ди де­на­ри по­ви­со­ки пла­ти. Спо­ред офи­ци­јал­на­та ста­ти­сти­ка, гра­деж­ни­ци­те се­га зе­ма­ат 3 ил­ја­ди де­на­ри по­ве­ќе откол­ку во 2012 го­ди­на, а тр­гов­ци­те мал­ку над ил­ја­да де­на­ри.

– Пос­лед­ни­те го­ди­ни има про­фе­сии што за­бе­ле­жа­ле го­лем по­раст во при­ма­ња­та иа­ко на вр­вот на ли­ста­та на најп­ла­те­ни сѐ уште оста­ну­ва­ат ме­на­џер­ски­те по­зи­ции, ка­ко и ли­ца­та вра­бо­те­ни во ИТ се­кто­рот, те­ле­ко­му­ни­ка­ци­и­те, фар­ма­ци­ја­та. Тие се не­при­кос­но­ве­ни во пог­лед на ви­си­на­та на при­ма­ња­та. Што се од­не­су­ва до по­да­то­кот де­ка пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни е за­бе­ле­жан го­лем скок на при­хо­ди­те кај пе­ја­чи­те и кај спор­ти­сти­те, тоа са­мо до­ка­жу­ва де­ка се доб­ли­жу­ва­ме до свет­ски­те трен­до­ви што ди­кти­ра­ат овие деј­но­сти да се нај­до­хо­дов­ни. Во све­тот се­кој са­ка да би­де пе­јач, фуд­ба­лер или ко­шар­кар би­деј­ќи тие се ме­ѓу нај­бо­га­ти­те лу­ѓе. Не де­ка до­се­га на­ши­те пе­ја­чи не за­ра­бо­ту­ваа до­бро, но тоа бе­ше да­ле­ку под тоа што го за­ра­бо­ту­ва­ат, да ре­че­ме, пе­ја­чи­те од Ср­би­ја. Да не оди­ме по­да­ле­ку. Се­пак, и со по­ра­стот од 165 про­цен­ти на при­ма­ња­та, ма­ке­дон­ски­те пе­ја­чи и спор­ти­сти сѐ уште за­о­ста­ну­ва­ат зад за­ра­бо­тки­те на му­зич­ки­те ѕвез­ди од ре­ги­о­нот и по­ши­ро­ко. Поч­на да се вло­жу­ва и во спор­тот кај нас, па от­та­му до­а­ѓа­ат зго­ле­ме­ни­те при­хо­ди и во тој се­ктор. Ка­ко и да е, факт е де­ка се слу­чу­ва­ат про­ме­ни и до­бро е што е та­ка би­деј­ќи ра­бо­ти­те се прид­ви­жу­ва­ат и одат на­пред – ве­лат од здру­же­ни­ја­та на сто­панс­тве­ни­ци.

tamara macka manaskov pejaci sportisti

Со­ци­о­ло­зи­те ед­ног­лас­ни, пе­е­ње­то и спор­тот се нај­прив­леч­ни про­фе­сии.

– За пе­ја­чи­те ве­лат де­ка го жи­ве­ат жи­во­тот со пес­на. Ем пе­ат ем за тоа им пла­ќа­ат. Па, зар има не­што по­у­ба­во. И за тоа се од­лич­но пла­те­ни. Се раз­би­ра, и таа про­фе­си­ја има сво­ја те­жи­на, но ко­ја не­ма. Се­кое за­ни­ма­ње го но­си сопс­тве­но­то бре­ме. Спор­ти­сти­те до не­о­дам­на не­маа којз­нае ка­кви при­ма­ња, па по­че­то­кот на за­ни­ма­ва­ње со спорт ов­де обич­но им бе­ше от­скоч­на шти­ца на тие што се до­бри во тоа што го пра­ват за да ја про­дол­жат ка­ри­е­ра­та над­вор. Се­пак, и спор­тот и пе­е­ње­то се дар­ба, ко­ја или ја имаш или ја не­маш. И таа тре­ба да се нап­ла­ти – сме­та­ат со­ци­о­ло­зи­те.

Пос­лед­ни­те ста­ти­стич­ки по­да­то­ци, пак, за про­сеч­ни­те при­ма­ња во зем­ја­ва за ју­ни 2016 го­ди­на илу­стри­ра­ат де­ка комп­ју­тер­ски­те про­гра­ме­ри и кон­сул­тан­ти, воз­ду­хоп­лов­ци­те и про­из­во­ди­те­ли­те на фар­ма­цев­тски про­из­во­ди оста­ну­ва­ат најп­ла­те­ни про­фе­сии и нив­ни­от ме­се­чен при­ход из­не­су­ва над две про­сеч­ни пла­ти. Спо­ред по­да­то­ци­те на Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка, про­сеч­на­та не­то-пла­та во зем­ја­ва за ју­ни го­ди­на­ва из­не­су­ва­ла 22.187 де­на­ри и е зго­ле­ме­на 0,7 про­цен­ти во од­нос на ју­ни ла­ни. Ста­ти­стич­ки, зго­ле­му­ва­ње­то се дол­жи на по­ви­со­ки­те пла­ти во гра­деж­ниш­тво­то, во про­сек од 10,6 про­цен­ти, во се­кто­ри­те ад­ми­ни­стра­тив­ни и по­мош­ни ус­луж­ни деј­но­сти и зем­јо­делс­тво, шу­марс­тво и ри­барс­тво, и во два­та за 6,3 про­цен­ти.

Ста­ти­стич­ки, во ју­ни комп­ју­тер­ски­те про­гра­ме­ри во зем­ја­ва за­ра­бо­ту­ва­ле во про­сек по 51.445 де­на­ри, воз­ду­хоп­лов­ци­те не­што по­мал­ку или 47.020 де­на­ри, а про­из­во­ди­те­ли­те на фар­ма­цев­тски про­из­во­ди 41.598 де­на­ри. На ска­ли­ло­то на 10 најп­ла­те­ни про­фе­сии со ме­се­ци оста­ну­ва­ат ре­чи­си исти­те ра­бот­ни ме­ста, и тие се на ли­ста­та со пла­ти над 30.000 де­на­ри.

Се­пак, кај не­кои про­фе­сии има по­де­ми и па­до­ви. Па, та­ка, мар­ке­тин­гот, на при­мер, на по­че­то­кот на го­ди­на­ва по пла­ти­те бе­ше број еден про­фе­си­ја во зем­ја­ва. За ја­ну­а­ри вра­бо­те­ни­те во оваа деј­ност (рек­ла­ма, про­па­ган­да и истра­жу­ва­ње на па­за­рот) беа пр­ви на ска­ли­ло­то по за­ра­бо­ту­вач­ка­та, ко­ја, во про­сек, из­не­су­ва­ше 45.051 де­нар и бе­ше пред воз­ду­хоп­лов­ци­те, кои то­гаш имаа во про­сек по 43.851 де­нар, а ду­ри беа по­до­бри и од комп­ју­тер­ски­те про­гра­ме­ри, кои то­гаш, во про­сек, за­ра­бо­ту­ва­ле по 41.120 де­на­ри. Се­га се­кто­рот мар­ке­тинг со про­сеч­на за­ра­бо­ту­вач­ка од 32.632 де­на­ри е нај­до­лу на ли­ста­та со 10 најп­ла­те­ни про­фе­сии во зем­ја­ва. Ста­би­ли­за­ци­ја во пла­ти­те, и тоа на по­ви­со­ки­те ме­ста на ска­ли­ло­то, има кај фи­нан­си­ски­те деј­но­сти – те­ле­ко­му­ни­ка­ци­и­те се зац­вр­сти­ја на мал­ку над 40.000 де­на­ри про­сеч­на за­ра­бо­ту­вач­ка. Со пла­ти од 35.000 до 40.000 де­на­ри се се­кто­ри­те ин­фор­ма­ции и ко­му­ни­ка­ции, скла­ди­ра­ње, снаб­ду­ва­ње со еле­ктрич­на енер­ги­ја, гас, па­реа.

Оста­ну­ва тек­стил­ци­те и ри­ба­ри­те да за­ра­бо­ту­ва­ат по­ло­ви­на од про­се­кот. Во ли­ста­та од 10 нај­неп­ла­те­ни про­фе­сии во зем­ја­ва, стан­дард­но, се про­из­во­ди­те­ли­те на ко­жа, об­ле­ка и вра­бо­те­ни­те во се­кто­рот ри­барс­тво и аква­кул­ту­ра со про­сеч­на за­ра­бо­ту­вач­ка од 11.571 де­нар, од­нос­но 12.687 де­на­ри и 11.761 де­нар. Вра­бо­те­ни­те во овие деј­но­сти за­ра­бо­ту­ва­ат са­мо по­ло­ви­на од про­сеч­на­та пла­та во зем­ја­ва. Пла­ти до ма­кси­мал­ни 16.500 де­на­ри на ли­ста­та со нај­неп­ла­те­ни зе­ма­ат пре­ра­бо­ту­ва­чи­те на др­во, тек­стил­ци­те, тр­го­ви­ја­та на ма­ло, от­стра­ну­ва­ње на от­пад­ни­те во­ди, ка­ко и деј­но­сти­те за под­го­то­вка на обро­ци и слу­же­ње хра­на.

Ина­ку, спо­ред­ба­та на при­ма­ња­та во др­жав­ни­от и во при­ват­ни­от се­ктор по­ка­жу­ва де­ка 3.500 де­на­ри по­ма­ла про­сеч­на пла­та зе­ма­ат вра­бо­те­ни­те во при­ват­ни­от се­ктор спо­ред­бе­но со др­жав­ни­те ад­ми­ни­стра­тив­ци.

Пос­лед­ни­от из­ве­штај на НБРМ по­ка­жу­ва за­бе­ле­жи­тел­ни раз­ли­ки во од­нос на про­сеч­ни­те при­ма­ња што ги ос­тва­ру­ва­ат вра­бо­те­ни­те во при­ват­ни­от (кор­по­ра­ти­вен) се­ктор во од­нос на вра­бо­те­ни­те во др­жав­ни­от се­ктор.

Де­ка при­ват­ни­от се­ктор за­о­ста­ну­ва зад др­жав­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја по­ка­жу­ва из­но­сот на про­сеч­на пла­та. Про­сеч­на­та пла­та во при­ват­ни­те ком­па­нии во 2015 го­ди­на из­не­су­ва­ла 18.881 де­нар, до­де­ка на др­жав­но ни­во таа из­не­су­ва­ла око­лу 22.300 де­на­ри.

Еко­ном­ски­те ана­ли­ти­ча­ри ука­жу­ва­ат на по­ли­тич­ка­та не­из­вес­ност во зем­ја­ва, ко­ја на при­ват­ни­ци­те не им ну­ди си­гур­ност, па се воз­др­жу­ва­ат од зго­ле­му­ва­ње на при­ма­ња­та на вра­бо­те­ни­те.

Пишува: Александрија Стевковска
(Текст објавен во 208. број на неделникот „Република“, 26.08.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top