Учениците средношколци од семејства од социјален ризик ќе може да аплицираат за добивање условен паричен надомест во висина од 12 илјади денари.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на прес-конференција информираше дека јавниот повик веќе е распишан и оти може да конкурираат учениците средношколци кои редовно посетуваат настава и потекнуваат од семејства приматели на социјална помош.
– Сите заинтересирани потребно е да аплицираат во центрите за социјални работи до 30 септември. Се предвидува ова парично право да се реализира квартално со исплата на финансиската поддршка на мајките на овие деца. Сите оние кои редовно посетуваат настава, односно присуствуваат на повеќе од 85 проценти од часовите, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка, истакна министерот Спасов.
За оваа намена годинава се одвоени 72 милиони денари и се планира финансиски да бидат поддржани околу 6.000 семејства.
Програмата за финансиска поддршка за оваа категорија ученици се реализира од учебната 2010/11 година и досега се инвестирани вкупно 409 милиони денари или финансиски се поддржани околу 46 илјади корисници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меѓународен ден против сиромаштијата-17 октомври: „Проект среќа“ организира конференција за деца во социјален ризик
-
Тур-оператор од Италија ја прекинал соработката со групи од Македонија бидејќи средношколци вршеле нужда во собите
-
Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење
-
Каде се изгубија 15 илјади средношколци во Македонија во последните четири години?