| четврток, 6 декември 2018 |

По Аргентина – „Лола“ доаѓа во Скопје

Претсатавата „Лола“ во продукција на „Интимен Театар“, која премиерно беше изведена на фестивалот КНОТС (KNOTS) во Сан Педро, Аргентина во јануари, сега доаѓа и во Скопје. Премиерата закажана за 11 мај (сабота) во клубот „Џубокс “ со почеток во 22 часот, а ќе се изведува и следните пет дена (12, 13, 14, 15, 16 мај во истиот термин).

„Лола“ е во режија на Софија Ристевска, главната улога ја толкува Македонка Илиевска, додека пак кореографијата е на Кире Миладиноски.

lola dnevnik 2

Претставата  „Лола“ е работена по вистинити, документарни материјали, кои се обработени од Софија Ристевска.

„Лола“ е претстава за гладот и смртта

„Лола“ е претстава за либералниот капитализам во кој сè повеќе луѓе се гладни, а сè повеќе корпорации се богати

„Лола“ е историја за животот на една жена, која се обидува да преживее во време на економска, политичка и духовна криза

„Лола“ е приказна за погрешните животни избори и за многуте компромиси што таа жена ги прави, со единствена цел , да не биде гладна

„Лола“ е претстава за удобствата што ги носат нелегалните пари за данокот што потоа го земаат…

„Лола“ е претстава за убиства и секс

„Лола“ е претстава за преживувањето во општествен систем, кадешто се умира од физички и емоционален глад.

lola, dnevnik

Билетите за претставата  чинат 300 денари, а резервации може да се добиат на интернет адресата [email protected]  или пак на бројот 078/307 569.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top