| четврток, 6 декември 2018 |

Верижен судир на автопатот кај Гостивар

Пет лица се повредени во верижен судир што се случи вечерва на автопатот Гостивар –Кичево.  Повредените итно се префрлени во гостиварската болница од каде по извршените прегледи се пуштени на домашно лекување. Од МВР велат дека во сообраќајката која се случила околу 19 часот учествувале 4 возила. Судирот предизвика километарски колони и чекање повеќе од еден час.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top