| четврток, 6 декември 2018 |

Германија очекува 300.000 мигранти

Се очекува годинава во Германија да пристигнат 300.000 мигранти, изјави началникот на Сојузниот завод за миграција и бегалци Франк Јурген Вајзе.

– Канцеларијата со потешкотии ќе ги реши прашањата на новите мигранти, но јас сум убеден дека бројот нема да ја надмине предвидената цифра- посочи Вејзе. Повеќе од еден милион мигранти од Блиски Исток, Авганистан и од Афирка минатата година пристигнаа во Германија.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 390.000 луѓе поднеле барање за азил во првите шест месеци од годинава, но не е познато колкку од нив влегле во земјата во текот на претходната година.

– Германија ќе се обиде да обезбеди место за сите мигранти на пазарот на трудот, но интеграцијата на мигрантите во германското општество бара многу повеќе време и пари- посочи Вејзе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top