Бегалската криза Австрија ја чини 91.537 евра по час, или 2,2 милиони евра дневно, покажуваат бројките до кои дојде виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“.
Весникот наведува дека тоа е 802 милиони евра годишно, дополнувајќи дека до точните бројки тешко се доаѓа, а овие ги добиле од службеничка во едно министерство.
Во моментов во Австрија жевеат околу 84.000 бегалци кои добиваат државна помош, а други 35.000 добиваат минимална плата врз основа на позитивно решените молби за добивање азил. Секој од 35.000 азиланти месечно добива 837,76 евра што ја чини државата 29,3 милиони евра месечно, односно 351,9 милиони евра оваа година.
Министерот за финансии Ханс Јерг Шелинг за тековната година предвиде сума од една милијарда евра, пренесува Б92.
Весникот наведува дека не се знае дали оваа сума ќе биде доволна, бидејќи државата мора да се грижи и за здравјето на бегалците и нивната интеграција, а бегалската криза носи и трошоци поради зголемувањето на бројот на полицајци и ангажирање војска за чување на границите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец