| четврток, 6 декември 2018 |

Најбрзиот циркус во Белгија: Нико Розберг победник на Спа

Германскиот пилот Нико Розберг ја освои својата шеста победа во тековната сезона, прва за него на патеката СПА во Белгија. Тој имаше лесна задача пред себе откако успеа да го задржи првото место и да го избегне хаосот кој настана зад него уште на првиот свиок. Подиумот го дополнија Даниел Рикиардо и Луис Хамилтон.

Во првиот свиок Себастијан Фелет се обиде да се наметне пред Макс Верстапен, но тоа резултираше со штети на двата болидикако и на Кими Раиконен. Ужасниот старт на трката го искористија Алонсо и Хамилтон кои стартуваа од опашката поради казните кои ги добија поради менување на делови на болидите, а по пет извозени круга веќе беа до средината на гридот. Следеше мал прекин на трката откако Кевин Магнусен го заби својот болид во заштитната ограда од гуми, а патеката не можеше да биде исчистена ниту откако четири кругови возачите возеа зад возилото за безбедност.

По оваа трка Хамилтон остана на лидерската позиција во конкуренција на возачите со 232 бода, пред Розберг со 223 и Даниел Рикардо со 145 бода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top