| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев и Груевски на неформален ручек со рударите (ГАЛЕРИЈА)

Премиерот Емил Димитриев придружуван од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на почетокот со работа на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип.Посетата ја искористија и за неформален разговор и ручек со рударите од овој рудник.

Инаку, производството  во рудникот ќе го обнови новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“, која согласно договорот со македонската влада треба да го рестартира и рудникот „Тораница“  кај Крива Паланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top