| четврток, 6 декември 2018 |

Една од жртвите на киднаперите од Кливленд била најдобра другарка на ќерка му

Секојдневно се откриваат нови детаљи од киднапирањето и долгогодишното заробеништво на трите девојки кои беа спасени пред неколку дена од куќа во Кливленд, САД, каде што ги минале последните десетина години.

девојки

Џина Де Џузес (23), Аманда Бери (27) и Мишел Најт (32) беа спасени во понеделникот, а киднапирани во период од 2002 до 2014 година. Поранешниот возач на школски автобус, Ариел Кастро (52) е киданперот кој ги силувал, а со една од нив, Аманда Бери има и дете.

Синот на монструмот, Ентони Кастро (31) е уверен дека неговиот татко стигнал до жртвите пред сѐ благодарејќи на фактот дека Џина била најдобра другарка на неговата помлада сестра Арлен Кастро. Токму Арлен била последната личност која тогашната 14-годишна Џина ја видела пред да биде киднапирана во 2004 година. Не е познато дали Арлен го посетувала татко ѝ откако тој ѝ ја киднапирал другарката. Според Ентони, Џина се согласила киднаперот да ја превезе до дома, бидејќи го познавала како татко на нејзината најдобра пријателка, не помислувајќи ни за момент каков е неговиот монструозен план.

Бизарна случајност е тоа што тој ден Џина и Арлен заедно тргнале дома, враќајќи се од училиште, а Арлен ја прашала мајка си дали смее да остане кај Џина. Но, мајка ѝ не и дозволила. Бидејќи позајмила 50 центи од Арлен да се јави, немала веќе пари да купи автобуска карта и тргнала пеш. Исчезнала од сред улица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top