Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан утрово по повод празникот Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија во истоимениот манастир во Матка кај Скопје.
Одбележувањето на празникот кај народот познат како Голема Богородица ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.
Во манастирот вчера се одржа вечерна богослужба, Духовна академија, а имаше и полноќно бдеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.