Наполи и Милан одиграа возбудлив натпревар со шест погодоци и два црвени картони во кој на крајот домаќините славеа со 4-2. „Наполитанците” сакаа веднаш да се рехабилитираат по киксот во првото коло на гостувањето кај Пескара, и вечерва извонредно го започнаа дуелот со Милан.
Новото засилување, Милик најпрво го отовори резултатот во 18. минута, а потоа зголеми на 2-0 во 33. минута.
Но Милан на стартот од вториот дел успеа да се врати во игра. Нианг намали на 2-1 во 51. минута, а Сусо изедначи на 2-2 во 55. минута.
Сепак, Каљехон ги врати домаќините во предност од 3-2 во 74. минута, а Милан дополнително си ја отежна работата откако 60 секунди подоцна Куцка заработи два брзи картони и исклучување.
До крајот на средбата Милан остана и без Нианг кој заработи втор жолт картон, а капак на се беше автоголот на Ромањоли во 94. минута со кој дефинитивно беше решен победникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим