| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел ја одложи одлуката за нов мандат за почетокот на 2017 година

kol208-2-merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел го одложила изјаснувањето за тоа дали ќе се кандидира за уште еден мандат за почетокот на следната 2017 година, објави Шпигел во саботата наведувајќи извор од Христијанско-демократската унија (CDU).

Ова е вторпат Ангела Меркел да ја одложува одлуката, што му дава време на челникот на нејзината сестринска партија баварската Христијанско-социјална унија (CSU) Хорст Зехофер да одлучи дали неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на актуелната канцеларка, се наведува во написот.

Меркел ја одложи објавата којашто првично беше планирана за почетокот на 2016 година, поради бегалската криза и тензиите со сестринската CSU. Таа на прес-конференцијата во јули изјави дека „правовремено“ ќе ја објави својата одлука.

Чекањето може да претставува проблем за Меркел, за која се очекува дека ќе се кандидира за уште еден двогодишен мандат на водечката позиција во CDU на партиската конвенција во декември, но тоа може да го стори само ако е и кандидат за канцелар.

Според Шпигел, во политичките кругови блиски на Меркел постои загриженоста дека објавувањето на кандидатурата без поддршка на Зехофер би можело политички да наштети.

На канцеларската должност е од 2005 година, и во моментов Меркел во моментов ја предводи големата коалициска влада со партијата од левиот центар SPD. Доколку освои уште еден мандат,би можела да го надмине досегашниот рекорд кој го постави Хелумт Кол, кој таа должност ја извршуваше 16 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top