Во Германија попладнево се одиграа шест натпревари од новата сезона во Бундеслигата. Келн оствари триумф на домашен терен против Дармштат, со погодоците на Ризе во 11. и Модесте во 61. минута од мечот.
Волфсбург пак, на гости кај Аугзбург триумфираше со 0:2, благодарение на прецизноста на Дидави во 35. и Родригез во 89. минута.
На мечот Дортмунд – Мајнц, домаќините ги освоија првите три бода во сезоната. Обамејанг беше прецизен во 17. минута, а истиот играч стрелаше и на крајот од мечот во 89. минута, овојпат од пенал.
Во судиското надополнување, Муто беше прецизен за Мајнц.
Шалке, на изненадување на многумина, сезоната ја започна со пораз на гости кај Франкфурт, а единствениот погодок на мечот го постигна Мејер во 13. минута.
Хамургер и Инглоштат одиграа реми, по што најпрво прецизни беа домаќините со погодокот на Вуд во 30. минута, додека пак, гостите израмнија го погодокот на Хинтерсир во 79. минута од мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд
-
Борусија Дортмунд експресно најде замена за Дембеле