Завршени се шест натпревари од 3 коло од англиската Премиер лига кои почнаа во 16 часот. Поголеми изненадувања немаше, а победи остварија претежно тимовите од кои тоа и се очекуваше.
Челси на својот терен рутински славеше против Барнли со 3:0. Сините во водство дојдоа веќе во 9 минута кога погоди Азар, а Вилијам во 41 минута зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави во финишот на натпреварот Мозес, кој погоди во 89 минута.
Одлична партија пружи и Арсенал и тоа на гостувањето кај Вотфорд. Топџиите славеа со 3:1, а прашањето на победникот го решија веќе во првото полувреме. Казорла во 9, Санчез во 40 и Озил во 45 минута погодуваа за високи 3:0, а Переира намали во 57 минута на 3:1.
Повеќе од тоа домаќините не можеа, па Арсенал ја запиша првата победа во сезоната. Прва победа во сезоната запиша и Лестер, кој на Кинг Пауер славеше против Свонси со 2:1.
Варди ги донесе Лисиците во водство во 32 минута, а 20 минути подоцна Морган погоди за 2:0. Веќе во 56 минута домаќините имаа шанса за 3:0, но Марез промаши пенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата