| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор на автопат: Автобус на “Ласта” целиот во пламен, патниците во паника

lasta-bus

Автобус на српската компанија за превоз „Ласта“ изгорел целосно откако во него избувнал пожар додека се движел на автопат, полн со патници. Настанот се случил во близина на Белград. Пожарот, како што пренесуваат српски медиуми, бил последица од сообраќајна несреќа што се случила на автопатот.

За среќа, поради присебната реакција на возачот, сите патници бргу го напуштиле возилото и никој не настрадал во огнената стихија. Автобусот за кусо време бил опфатен со густ црн чад и бил речиси целосно пеплосан.

На социјалните мрежи се појави и видео-снимка која ја доловува застрашувачката сцена што се случувала на автопатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top