
Во штипското село Софилари денеска од страна на свештеници на Брегалничката епарија, а на иницијатива на жителите кои се иселиле, беше поставен камен темелник на црквата посветена на Свети Јоаким Осоговски. Протоереј ставрофор во Брегалничката епархија, Николче Ѓорѓев истакна дека иницијативниот одбор се согласил храмот да биде посветен на Свети Јоаким Осоговски и да биде заштитник на нивното село, бидејќи во овој крај нема цркви кои се посветени на овој светител. Во моментов во штипскиот регион се градат шест цркви.
– Во литературата во старите турски документи може да се најде и да се прочита дека некаде во 1.560 година има две цркви на овие простори. Едната била посветена на Свето Благовештение, а другата на Преображение Господово. Ја знаеме историјата со текот на времето биле разрушени и забаровано каде биле и каде постоеле овие храмови. Но сепак духот останал кај жителите на село Софилари и еве пак повторно се подига храм, вели Ѓорѓев.
Ацо Ангеловски кој веќе 15 години живее во Италија ја почнал инцијативата за изградба на црква во неговотородно место. Во ова село живеат само девет поворасни жители, но Ангеловски вели дека од страна на иселениците, но и од граѓани на Штип има интерес овде да се купуваат парцели и стари куќи за да се населат. Смета дека со изградбата на црквата, селото повторно ќе заживее, а од страна на локалната власт очекуваат помош повторно да имаат вода во домовите, бидејќи ова село имало бунари и водоводна мрежа уште во 1954 година.
Од Брегалничката епархија велат дека очекуваат и наскоро да се почне и со изградба на храм во селото Драгоево, кое е единствено село во штипскиот регион кое нема црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив


