| четврток, 6 декември 2018 |

Нови мерки од 15 септември: Владата на тинејџерите за 18 роденден им подарува по 500 евра!

Италијанската влада на своите државјани за 18 роденден ќе им подарува ваучер во вредност од 500 евра. Иницијативата ќе заживее од 15 септември, а тинејџерите за 18 роденден ќе добијат „бонус за култура“ во вредност од 500 евра кој ќе може да се искористи за купување книги, влезници за кино и театар, како и влезници за музеи и национални паркови.

Се очекува дека во септември околу 575.000 тинејџери во Италија ќе имаат право на овој бонус, а владата за оваа намена ќе издвои околу 340 милиони евра.

Властите објасниле дека со ова сакаат да ги потсетат младите колку е културата важна и колку го збогатува животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top