| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотресот во Италија е само почеток: На Европа и се заканува катаклизма која може да однесе милиони животи!

Во силниот земјотрес, кој во средата ги погоди централните делови на Италија, загинаа 267 луѓе, а повеќе од 400 се повредени.

Меѓутоа, застрашувачки е фактот дека постои опасност од нови земјотреси како и од други смртоносни природни катастрофи.

Овие потреси во Италија се дел од низата катастрофи кои ја погодиле Европа во последно време.

Историјата покажала дека и Европа е подложна на бројни природни непогоди, кои можат да однесат стотици илјади животи. Земјотреси со овој интензитет би можеле да влијаат на зголемувањето на вулканските активности, што за Италија претставува голема опасност.

Зачестеноста на катастрофалните земјотреси, поплави и суши, укажува на тоа дека во иднина би можело да дојде до поголеми трагедии предизвикани од природните сили, но и од човечкиот фактор.

Најсилните земјотреси кои биле забележани во историјата на Стариот континент имале интензитет од околу 8,5 до 9 степени според Рихтеровата скала. Таквиот потрес на Крит во 365. година предизвикал разорно цунами и однел можеби и половина милион животи, пренесе Блиц.

Во земјотресот во 1908. година во Месина на Сицилија, кој бил со јачина од 7,1 степен и цунамито кое го предизвикал, загинале околу 123.000 луѓе. Земјотресот кој во 1755. година го погодил Лисабон, се проценува дека бил со јачина помеѓу 8,5 и 9 стапени според Рихтеровата скала. Тој исто така предизвикал цунами, а вкупниот број на жртви изнесувал од 10.000 до 100.000 луѓе.

Последиците би можеле да бидат многу поголеми доколку некој силен земјотрес би се случил денес некаде во Европа. Причина за тоа се големиот број жители и градби.

Сеизмолозите предупредуваат дека геолошки европското тло, особено во јужна Европа, е многу погодно за земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top