| четврток, 6 декември 2018 |

Неговата порака стана хит на социјалните мрежи: Девојки престанете, изгледате како месо во излог

Capitano-fb-2-620x350

– Дали навистина сакате да бидете дел од излог со изложено месо кое нормално еднаш се употребува, се заситува човек, и следниот ден веќе гледа друго парче?, праша еден белграѓанец. Тој на Фејсбук се претставува како Капитано, а неговиот статус предизвика целосна еуфорија на социјалните мрежи.

Ова е неговиот статус во целост:

– Ајде да се обидеме да бидеме реални во следните неколку редови. Некое време сакав само да направам ваква фотка, чисто да разјасниме нешто. Реално и објективно гледано 99 од 100 мажи, на ова што се гледа на фотографијата, би кажале дека би спиеле со секоја девојка од фотката.

Убави задници, привлечни пози, па зошто да не?

Но, другиот факт е дека барем 95 од тие 99 мажи само би спиеле со конкретните девојки и никогаш повеќе не би им се јавиле, евентуално можеби кога повторно ќе добијат потреба, а немаат нов задник за дадените потреби.

Дали тие мажи се виновни за таквиот пристап? Па, донекаде да, прилично е површен. Но, дали на тие мажи им е понудено нешто посебно повеќе од тони и ридови исти фотографии, исти пози, исти филтери, исти прикази кои не инспирираат на ништо друго освен на животниските инстинкти? Да, но во многу мал процент. Навистина се обидувам да ви доловам нешто важно.

Доколку постојано исфрлате фотки во таа една или тие две-три пози во кои добро изгледате, и притоа на фотките константно ги истакнувате задникот или градите, неважно дали во бикини или во долен веш, во шорцеви/краток фустан/здолниште кое ви открива половина задник, како може да очекувате од кој било маж да ве гледа како нешто друг освен сексуален објект?

Навистина не разбирам, еве нека ми ја објасни некој ситуацијата каде некој нон-стоп истакнува гради и задник, а замислува како некој го запознава со родителите и го гледа како столб на емотивна и стабилна врска која му го исполнува животот? Како?

И, катастрофално е тоа што во последно време тотално го сечете лицето или го прекривате со коса, или го потемнувате, глумите некаква уметност, а всушност изгледа како месо во излог и секој само гледа да земе добро парче да го употреби, и крај. Размислете малку за тоа.

Дали навистина сакате да бидете дел од излог со изложено месо кое нормално еднаш се употребува, се заситува човек, и следниот ден веќе гледа друго парче?

body-girl-girls-girly-Favim.com-3469046

– Навистина ми е криво што е дојдено вакво време, што вредностите се изместени и станати сосема базични, длабочина нула, никаква приказна зад сето тоа, се e празно.

Намерно не искористив фотки кои ги гледам кај моите пријателки на Фејсбук, за некоја да не се навреди, туку симнав случајни од интернет, но реално, ако самите се претставувате така површно и примитивно, не гледам дека имате некакви права да се жалите на тоа како кој ве гледа или прави со таквата понуда.

Сакам само, за крај, да кажам дека ми е многу драго што имам неколку личности меѓу пријателите кои се многу сексапилни, крајно привлечни, многу пожелни, а немаат ниту една единствена ваква „излог фотка“, повеќето се во фустани, елегантни, дамски изданија, и често со насмевка, природна, искрена, топла која всушност највеќе разоружува.

Е, таквите девојки посакуваш да ги држиш за рака, да ги одведеш кај родителите, да прошеташ со нив низ град, да кажеш јавно дека е твоја, да ја галиш, и да ја доведеш до она позитивно лудило кога ќе останете сами.

Да живеат дамите, кои ги има сe помалку, а за останатите да навиваме дека ќе се освестат пред да биде предоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top