Тамара Тодевска деновиве ужива на море во друштво на семејството. Освен сопругот и ќерката, со неа се и сестра и Тијана со синот Вук, а во центарот на вниманието, секако, е Хана за која ова е прв летен одмор.
Пејачката која веднаш по породувањето изјави дека допрва доаѓа најубавиот период во нејзиниот живот, секојдневно објавува фотки на социјалните мрежи со наследничката од плажа, а во низата фотографии има и такви на кои тета Тијана позира со малата убавица и си игра во вода.
Хана е цела на мене и е најубавото бебе на цел свет. Пресреќна сум што сум мајка, едноставно уживам да се грижам за неа, вели Тамара.
Тодевска иако стана мајка пред само неколку месеци, веќе почна со работа и се врати на настапите. Неодамна пееше во Куманово и Дојран, а веднаш по враќањето од Грција повторно ќе продолжи со свирки ширум земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.