Иако многумина го нарекуваат арогантен, Кристијано Роналдо е еден од најголемите хуманисти меѓу фудбалерите. Португалецот тоа го докажа и овојпат, откако го замолиле да ги донира своите копачки за добротворна аукција како би се спасило 10 годишно момче.
Ерик Ортиз Криз имал повеќе од 30 напади дневно поради мозочното пореметување и животот му висел на конец. Сите под знак прашалник ја очекувале одлуката на Роналдо да донира дури и копачки, а тогаш овој великан повторно ги демантираше сите наводи за својата препотентност и наместо копачки направи многу поголема работа.
Имено тој го платил целиот износ на операцијата од 83.000 долари. Од почектокот на кариерата е третиран како манекен на теренот, но со своите постапки се почесто прави да се засрами секој кој такво нешто и помислил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.