Советот на Скопје го прифати барањето на приватните превозници “Слобода превоз” и “Макекспрес превоз” за одложување на воведувањето електронски билети. Новиот систем за наплата кај приватниците е одложен до Нова година, односно ќе стартува на 1 јануари 2017 година. Приватните превозници побараа одложување на електронската наплата поради штетите во автобусите предизвикани од поплавата. Превозниците пријавија штети во повеќе од 40 возила.
-Градот Скопје, заедно со ЈСП ‘Скопје’ – Скопје, е целосно подготвен за имплементација на системот, но и покрај тоа смета дека треба да им се излезе во пресрет на превозниците, а со цел истите да не се доведат во ситуација да имаат двојна штета и тоа една од поплавите, и друга од нивната неможност да се вклучат во системот и смета дека поради тешката состојба на дел од приватните превозници, како и тежината на воведување и имплементација на системот, истиот да се пролонгира од 01.01.2017 година- стои во образложението на одлуката за одложениот старт.
Превозниците имаат рок до Нова година да ги санираат штетите во автобусите и повторно да ги подготват за воведување на новиот систем за наплата.
Во ЈСП до целосно воведување на електронскиот систем за наплата ќе се продава хартиен билет за едно возење купен кај возачот, а со тоа ќе остане да се применува и полуавтоматскиот систем за наплата со поништувачи до 1 јануари 2017 година.
На вчерашната седница Советот на Скопје усвои и одлука за учениците кои ќе се запишат во прва година во средните училишта, да се воведат повластени билети во книжна форма кои ќе важат до издавање на персонализиран електронски билет, најдоцна до 30 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје“
-
Зголемувањето на акцизата е против земјоделството, остра реакција и на превозниците
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Навивачите на Баерн М. со порака за цените на билетите: Ние не сме Нејмар (Фото)