Според шпанските медиуми, Арсенал е многу блиску до ангажман на напаѓачот на Депортиво Ла Коруња, Лукас Перез. „Топчиите” конечно ќе добијат нов голгетр, иако тоа нема да биде звучно име како што се надеваа фановите.
Според пишувањата на Марка, Арсенал има договор со Депортиво Ла Коруња за трансфер на Лукас Перез вреден 20 милиони евра.
27 годишниот Шпанец во својата кариера има настапувано за Рајо Ваљекано, Карпати, Динамо Киев, ПAOK и Депортиво Ла Коруња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.