
Љубовната романса на Џенифер Лопез и Каспер Смарт заврши. По петгодишна врска, 47-годишната пејачка и 29-годишниот танчар и кореограф решија да се разделат.
Веста за разделбата ја потврди извор близок на парот за релевантни странски медиуми.
-Не беше ништо драматично и тие беа во добри односи. Едноставно дојде до природен крај. Тие ќе останат пријатели и ќе се гледаат, но не се повеќе заедно – изјавил тој.

Лопез и Смарт започнаа да се состануваат во 2011 година, а јавно ја потврдија својата врска во јули 2012 година.

Се разделија кога беше откриено дека каспер ја изневерува, но подоцна ја обновија врската, за сега конечно да стават точка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


