| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ја крена воената готовност на целата војска

Министерството за одбрана на Русија ја објави одлуката на врховниот командант на земјата, Владимир Путин, за новата изненадна проверка на борбената готовност на вооружените сили на Русија.

14117904_1789779204598161_4760916215623114971_n

Проверката на борбената готовност ќе ги опфати Јужниот, Западниот и Централниот округ, како и Северната флота, Воздушните сили и Воено-десантните сили, соопшти министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

-Денеска, според одлуката на врховниот командант на Вооружените сили на Русија ќе почне уште една во низата изненадувачки проверки. Војската на Јужниот дел од силите, Западниот и сретствата на Западниот и централниот воен округ, Северната флота, Главната команда на воздушните сили и Воздушно-десантните сили од 7.00 часот по московско време ќе ја проверат својата воена готовност, објави Сергеј Шојгу на седницата на колегиумит на Министерството за одбрана на Русија. Проверката ќе трае од 25 до 31 август.

14055105_1789779161264832_5466243485551827953_n
Паралелно со зборовите на Шојгу, во Јужниот округ веќе е во тек активна подготвока на стратешките воени вежби „Кавказ-2016“. Веќе е одржан комплекс на командно-штабни тренинзи.
-Органите на управата, воените единици и одредите за специјално-техничка логистика во текот на 12 специјални вежби ќе извршуваат задачи за благовремено распоредување на трупи, рече министерот.
Министерот наложи да се информираат воените аташеа на странските држави за почетокот на изненадувачката проверка на борбената готовност на војската.

14051795_1789779207931494_1164219455971387342_n

14079576_1789779164598165_2843015107880980620_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top