| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината излезе на виделина – Дара го остави мажот

dara

Пејачката Дара Бубамара, која се разведува од сопругот Милан Кесиќ, го напуштила семејниот дом во Нови Сад и се пресели во Белград.

-Дара и Милан веќе не можат да пронајдат зеднички јазик. Иако сакаа поради синот Коста да останат во добри односи, зедничкиот живот им стана неподнослив. Седнаа и разговараа за сите проблеми кои ги имаат. Не можеа да пронајдат зеднички јазик, па Дара во сред ноќ ги спакува нејзините работи и отиде во станот на Дедиње- изјавил за Блиц, извор близок на пејачката.

dara2

Дара и нејзиниот сопруг до сега не се карале, но сега и тоа почнало. Дара сфатила дека е најдобро да замине од дома. Кога страстите ќе стивнат, ќе се договорат околу поделба на имотот.

-Ни Дара ни  Милан не сакаат тоа да го направат преку суд. Тие сакаат да се договорат околу се што заедно стекнале во претходните години- вели изворот за Блиц и додава дека сето тоа е стресно за пејачката.

Дара Бубамара пак не сакала да ги потврди ниту демантира овие информации.

-Она што се случува во четирите ѕида на мојот дом, сакам таму и да остане и никој да не навлегува во тоа. Сакам да се посветам на работата и настапите кои ги имам секојдневно, приватниот живот овојпат сакам да го сочувам од јавноста- изјавила Дара Бубамара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top