| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот што ги спаси киднапираните девојки стекна светска слава преку ноќ (видео)

Чарлс Ремзи, човекот кој помогна во спасувањето на киднапираните девојки Аманда Бери, Џина Дехесус и Мишел Најт стана мега популарен преку ноќ откако за американските медиуми го даде, како што многумина го опишаа, „најдоброто интервју на еден локален херој“.

Ремзи кој живее спроти куќата во која беа чувани девојките повеќе од 10 години не го сокри изненадувањето дека неговиот сосед бил киднапер. Тој на уникатен начин го раскажува моментот кога на неговата врата затропала Аманда во очаен обид да се спаси.

–  Правевме скара со овој соседот, јадевме заедно ребренца и што уште не, заедно слушавме салса. Кога ја видов веднаш знаев дека нешто не е во ред. Убава млада бела девојка не би дотрчала во раце на црнец освен ако нешто навистина не е во ред, раскажува Ремзи.

Интевјуто на Ремзи стана толку популарно што веднаш доби и рап верзија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top