| четврток, 6 декември 2018 |

Ловец од Пирот наместо во дива свиња, пукал во мигрант

Ловецот од Пирот Миљан Мичиќ (39), во заседа на диви свињи на Стара планина убив дваесетгодишен мигрант од Авганистан.

Тој, во вторникот навечер околу 21 часот испукал од пушката мислејќи дека пука во дива свиња, а убил мигрант во близина на селото Славинја на Стара планина каде минува една од многубројните мигрантски рути од Бугарија.

Обвинителството од Пирот на ловецот му одредило протвор од 48 часа, а истрагата е во тек.

Несреќниот Авганистанец бил во група со уште шестмина сонародници кои влегле од Бугарија во Србија непосредно пред пукањето. Веднаш на местото на настанот дошла полицијата која ја обезбедува границата и брза помош од каде лекарите можеле само да констатираат смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top