Доколку Унгарија не подигнела ограда, овој сериски убиец можеби би завршил и во вашето соседство.
Пакистански масовниот убиец е заробен од страна на унгарската полиција. Затоа што Унгарија ја подигна оградата кон своите соседни земји.
Унгарија ја намали илегалната имиграција за повеќе од 99% откако ја подигна моќната гранична ограда како одговор на европската имиграциска криза.
Главниот советник за безбедност, на премиерот Виктор Орбан, Џорџ Баконди, најави дека оградите предизвикаа да илегалната имиграција се намали на 391.000 илегални имигранти во 2015 година, на 18.236 во 2016 година, на само 1184 во 2017 година.
Унгарската полиција го фатила пакистанскиот мигрант кој е баран поради убиство на околу 70 луѓе во својата татковина, соопштија унгарската и австриската полиција.
Во соопштението се истакнува дека, полицијата уловила група на илегални мигранти во близина на јужната граница со Србија, каде идентификувала 35 годишен маж меѓу нив.
Полицијата го идентификувала само по иницијалите А.З. и истакнала дека тој бил на листата на меѓународната потерница која ја издала Пакистан.
Австриската полиција го објавила соопштението за фаќањето по дојавата од Австриско унгарските власти.
Изјавиле дека човекот планирал да замине за Австрија, со помош на криумчањето на луѓе. Тие одбиле да го идентификуваат на темел на правилата за заштита на податоци во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.