| четврток, 6 декември 2018 |

Кукуш и Гевгелија заеднички ќе развиваат фармацевтска дејност

Кукуш и Гевгелија ќе почнат заедничка соработка за развој на фармацевтската дејност. Во рамки на проектот за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Грција, од страна на Фондацијата за локален развој од Гевгелија, Стопанската комора од Кукуш и развојната агенција од Кукуш, кои се партнери во програмата на ИПА , ќе се јакне оваа дејност, а ќе се даде и поддршка на учесниците на пазарот на фармацевтски и ароматични растенија.

– Постојат многу сличности на двете страни од границата во делот на стратегиите, целите, микроклимата, растенијата и големината на компаниите – рече Ристо Атанасовски, менаџер на гевгелиската Фондација за локален развој.

Според Атанасовски, најзастапени растенија во Грција се лавандата, рузмаринот и ориганото, а кај нас шумските плодови и чаевите поради што се покрена иницијатива за формирање Асоцијација на собирачи на шумски плодови од Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top